„Повторно излезе на виделина целото лицемерие на власта на ДУИ и СДС. Кога во прашање се бизнис интересите и криминалот на ДУИ министрите во владата безпреговорно гласаат и даваат поддршка, за потоа пред граѓаните да лажат дека се против и протестираат против своите одлуки. Додека глумат душегрижници и се појавуваат на протестот за рудниците во струмичко, истите кренале рака и ја изгласале споената концесија за рудниците во струмичко, предложена од министерот за економија, Крешник Бектеши“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат „доколку е точна изјавата на дел од министрите во владата дека биле изманипулирани и не знаеле точно за што гласаат, Димитар Ковачевски треба веднаш да го разреши министерот за економија. Секако доколку смее да му се протистави на Али Ахмети и ДУИ“.
„Ковачевски ако не го разреши Бектеши заради овој скандал со кои следува уништување на струмичкиот регион, редно е оние министри кои биле изманипулирани да си поднесат оставка и да престанат да му слугуваат на ДУИ и Али Ахмети. Граѓаните од Струмица, Ново Село, Василево јасно го истакнаа својот став за доделената концесија за изградба на рудник во Иловица на фирми блиски од ДУИ“ се вели во партискиот став.