Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека претходната власт предводена од СДС и ДУИ го уништила здравството.
Според нив, здравствените лица и пациентите се уништувале додека СДС и ДУИ се грижеле за профит и местење тендери во здравството.
„Контролите направени од надлежните институции, меѓу кои и Фондот за здравство покажуваат низа на неправилности во работата на јавните здравствени институции.
Контролите покажуваат дека при набавка на лекови кои не се на листа на лекови на ФЗО, а за кои треба согласност од министерот здравство, јавните здравствени установи не ја имале согласноста од Министерството за здравство. Тоа било случај во Здравствен дом, Гостивар; Здравствен дом, Струга; следните клиники во Скопје, Клиниката за државна кардиохирургија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за психијатрија, како и Клиничката болница, Тетово; Општата болница, Струга; Општата болница, Струмица и Општата болница со проширена дејност, Дебар.
Контролите покажуваат злоупотреби и во делот на дежурства. Истите покажуваат случаи во јавни здравствени установи каде се пресметува и исплаќа додаток за дежурство неосновано. Вакви неправилности имало на Клиниката за максилофацијална хирургија во Скопје, Клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, Клиниката за нефрологија во Скопје, Клиниката за психијатрија во Скопје, како и во Општата болница во Струмица.
СДС и ДУИ и во здравството се однесувале расипнички, не воделе грижа ниту за медицински персонал, ниту за пациенти, ниту домаќински се однесувале со средствата со кои располагаат. Одговорност ќе има за секое незаконско работење.
За секоја злоупотреба, несоодветно трошење на парите на времето на злоупотреби во здравството помина. Одговорност ќе има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.