ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
„Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство. Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме: Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев? Дали има комуникација и средби помеѓу нив?“ прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат „Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет? Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор?“.
Велат „Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче“.