
ВМРО-ДПМНЕ го спореди Филипче со Менгеле
Денешната оценка на лидерот на СДСМ за владејачките структури дека се „инфантилни политичари и популистички партии“ поврзано со наводната афера во АНБ предизвика реакција кај ВМРО-ДПМНЕ, па тие возвратија со повикување на еден од најголемите нацистички злосторници – Јозеф Менгеле.
Денешната оценка на лидерот на СДСМ за владејачките структури дека се „инфантилни политичари и популистички партии“ поврзано со наводната афера во АНБ предизвика реакција кај ВМРО-ДПМНЕ, па тие возвратија со повикување на еден од најголемите нацистички злосторници – Јозеф Менгеле.
„Кога Венко Филипче зборува за ‘инфантилност’, тоа е исто како доктор Менгеле да зборува за права на пациентите или барон Минхаузен за етика и држење до зборот.
Нема поголем комплимент за нас од тоа марионетата на струмичкото семејство да нѐ етикетира со погрдни зборови. Човек кој одамна го продал својот морал за неколку песни на Харис Џиновиќ и две кружења со јахта, и кој е заробен меѓу амбиции, базични инстинкти и заеднички бизниси со семејството кое го има киднапирано СДС“, вели во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата го нарече барањето на СДСМ за декласификација на документите во т случајот на следење од страна на АНБ како блефирање, затоа што тоа било невозможно.
„Ваквиот однос само ги јакне сомнежите дека тие стојат зад нарачките за следење и прислушување, бидејќи преку лажни обиди за ‘декласификација сакаат да ги спасат организаторите, пуштајќи ги доказите во јавност.
Декласификација на документи се врши исклучиво согласно закон, и тоа во судска постапка, по барање и одлука на надлежните органи.
Со оглед на тоа дека за сите информации поврзани со незаконското работење во АНБ е веќе известено Јавното обвинителство, понатамошното постапување останува во нивна надлежност. Прашањето за декласификација на документи може да биде дел само од постапките што се водат од страна на обвинителството и судот, а не од партиска нарачка на СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ.