ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на ССМ за лоши економски политики – Трендафилов вели: Се прави упад во синдикалното работење

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го обвини претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов дека „ниту го интересира минималната плата, ниту подобрувањето на животниот стандард, а најмалку пак работниците“.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го обвини претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов дека „ниту го интересира минималната плата, ниту подобрувањето на животниот стандард, а најмалку пак работниците“.

Во партијата сметаат дека Трендафилов шири популизам и лоши економски политики кои, според ВМРО-ДПМНЕ, се директно по нарачка од, како што велат, коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица.

„Барањата на ССМ се нестварни, но тоа не нѐ чуди, бидејќи што може да се очекува од партискиот синдикат на СДС. Трендафилов не го интересира животот на работниците, ниту пак сака реално да помогне во изнаоѓање на решенија и подобрување на животот на работниците, туку го интересира тоа каде ќе оди на одмор следниот продолжен викенд со големата плата којашто ја заработува врз грбот на граѓаните. Го повикуваме јавно да каже, портпаролот на СДС и претседател на ССМ, колкава е неговата плата и ако е над просечната, како тој знае што им треба на работниците кои земаат помали плати од него, кога не бил во нивните кондури“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повикаа Трендафилов да престане да биде, како што велат, слуга на СДСМ, ДУИ и Левица и да почне да се однесува како што му наликува на еден синдикалец.

Да потсетиме, првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов во гостувањето во „Трилинг“ изјави дека Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) доставил предлог во кој има неколку чекори за да се зголеми минималната плата и таа истата да достигне 30.000 денари, колку што сметаат дека е потребно за намирување на основните прехранбени прозиводи или покривање на 50% од синдикалната минимална кошница.

Загрижува тоа што, смета Трендафилов, работодавачите ги менуваат ставовите како политиката ја менува својата цел.

„Сега кога и политичката партија и владата не нападнаа како ССМ, а нападот е само поради тоа што бараме корка леб или зголемување на минималната плата, работодавачите кои претходно изјавуваа дека бараат субвенцонирање, ослободување од плаќањето на придонесите, денеска како да се лепат на Владата, односно велат дека Владата го напаѓа ССМ па сега е моментот и ние да го нападнеме па работниците да не добијат ништо.

-Но забораваат дека 70.000 членови на ССМ и 600.000 работници очекуваат од нив да испорачаат зголемување на платите и не ги и нтересираат политикантските игри и изговорите на газдите“, изјави за Трилинг, Трендафилов.

На прашањето што доколку на сите овие предлози, сугестии, ниту Владата, ниту работодавачите не излезат во пресрет и дали 600.000 работници ќе излезат на улица, првиот човек на ССМ вели дека секој еден работник доколку смета дека му е потребно зголемување на платата да дојде во синдикатот за „заедно да се избориме“.

Се прави упад во синдикалното работење

Трендафилов вели дека во моментов одредени политички играчи се обидуваат да направат упад во Синдикатот, нешто што е недозволиво.

„Упадот се прави со политичка наредба и тоа се пресликува на локално ниво. Нив треба повеќе да ги загрижува што на локално ниво имаат избори за 5 месеци. Се соочуваме со притисоци од политички играчи со цел да помогнат на друг Синдикат кој е против зголемување на платите, кој сака да го укине општиот колективен договор и кој и ветува на Владата дека ќе прифати се што ќе каже таа“, вели Трендафилов.

(Видео) Трендафилов: Ако Владата е безобразна со нас, тогаш ССМ излегува на улица