ВМРО-ДПМНЕ: Глигоров е пријавуван за семејно насилство, тој е недостоен за втор човек во Градот Скопје

Шокирани сме што Данела Арсовска, пред се како жена, а потоа и како жена политичар уште не го разрешила Зоран Глигоров од позицијата генерален секретар на Градот Скопје. За Глигоров не само што постојат индиции дека се пресметувал со вработени во Градот и малтретирал поддредени, туку во минатото бил пријавуван и за семејно насилство, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Глигоров во повеќе наврати бил причинител на семејно насилство, во 2007 и во 2017 година, и во двата случаи има нанесено телесни повреди на жртвата.

Глигоров очигледно е рецидивист насилник.

Од ВМРО-ДПМНЕ не знаат дали Глигоров има одредени психолошки проблеми со кои треба да се занимаваат други институции или се работи за нешто сосема друго, но Арсовска е таа која треба да побара вештачење на Глигоров од страна на стручни лица, и веднаш потоа да го разреши.

Ако не го разреши Арсовска, таа се става на страна на насилството, и само покажува дека таа се согласува со методите на Глигоров, се вели во соопштението.