„Власта е неспособна да се справи со КОВИД кризата, за еден ден над 2000 лица се позитивни.
Власта не знае како да се справува со КОВИД кризата уште од самиот почеток, прво немаше тестови, па слободни кревети во болниците, за на крај да нема вакцини.
Во моментот во Македонија има над 20.000 активни случаи заразени со КОВИД.
Цел град со големина на Кочани, Радовиш или Кавадарци е заболен од КОВИД.
Како резултат на лошиот пристап имаме над 8.000 починати од КОВИД, тоа е население колку што жители има едно Крушево, Кратово или Берово.
Потребни се итни мерки и за справување со КОВИД кризата и одговорен пристап“ – велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.