„Владата се однесува неодговорно и расипнички во сред криза. Од 1 ноември минатата година до денес. За период од 5 месеци владата потрошила скоро 2 милиони евра за непродуктивни расходи.
И додела владата вели дека има криза, и дека треба да се штеди, зад завесата трошат големи суми народни пари на луксуз.
Собранието на Република Македонија кога некој граѓани нема како да се прехранат или да платат сметки набавува услуги за мобилни телефони во висина од 11.800.000 денари.
ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, во време кога знаеле дека ќе има криза, за процена на деловен простор одвоиле 4.7 милиони денари. Ако сакале да заштедат и ако сакале да превенираат со трошење пари, ќе искористеле некоја од државните институции која што може да направи процена на деловниот имот и ќе ја направеле процената, а претпријатието ќе ги заштедело овие 4.7 милиони денари.
Републичкиот совет за безбедност при сообраќај одвоил околу 5 милиони денари за услуги за печатење.
Ова се само дел од набавките на име непродуктивни трошоци, пари кои наместо за ова, можеле да се пренаменат каде што имало поголема потреба.
Дали сиве овие набавки беа неопходни? Одговорот е не! Дали можеа парите наместо за непродуктивни расходи да се пренаменат за нешто друго, одговорот е да! Но со оваа влада нема домаќинско работење, само богатење на грбот на народот на една тесна клика на луѓе околу врвот на СДСМ и ДУИ.
Дали ова е причината претставници на власта за неприфаќањето да се намали акцизата за горивата за 50%?
Дали наместо да се помогне на народот, тргате пари на страна за матни набавки, кои ниту се неопходни, ниту нужни?
Дали буџетот и во време на криза се користи само за личните потреби на власта?
Ковачевски треба да знае дека водењето на државата во кризни моменти, носи уште поголема обврска и одговорност, и секое нерационално управување со средствата на граѓаните ќе подлежи на одговорност во иднина“ стои во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.