ВМРО-ДПМНЕ: Вечниот дезертер Ковачевски бега од одговор кој од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа?

„Димитар Ковачевски освен што дезертирал од служење војска, дезертираше и од избори, а сега дезертира и од одговор на прашањето, кој од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ прифаќа? Ковачевски дезертира од носење на важни одлуки за Македонија. Само Македонија може да има премиер како Ковачевски и влада како СДС кои не сакаат гаранции за заштита на националниот иднетитет и јазик“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат „Ковачевски мора да се охрабри и да каже кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски прифаќа, дали е за преодна влада без ДУИ и измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членство на државата во ЕУ или прифаќа избори, гаранции за заштита на националниот идентите и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на на пресудите од Европскипт суд за човекови права во Стрзбур и влада без ДУИ подржана од опозицијата?“

„Ковачевски да не прави калкулации и да не тактизира, бидејќи ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нема уставни измени под бугарски диктат. Го повикуваме Ковачевски да одговори пред цела јавност“ е партискиот став.