ВМРО-ДПМНЕ бара зимскиот распуст да се продолжи за 2 недели

„Бидејќи од синоќа Македонија веќе има Влада, а денес е работен ден, ние продолжуваме со постојан мониторинг, критики и предлози како и досега.

Во првиот работен ден очекувано е Владата покрај другото да помисли и на образованието.

Бројките на заболени од коронавирусот не опаѓаат, а меѓу заболените се наоѓаат и многу деца, односно ученици.

Со цел заштита на здравствениот систем од преоптоварување и непречено, континуирано одвивање на образовниот процес со максимално присуство и на ученици и на наставници во училиштата на новата Влада и предлагаме:

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ РАСПУСТ ЗА 2 (ДВЕ) НЕДЕЛИ!

Дотогаш очекуваме бројката на заболени да се намалува, а учениците и родителите психички неоптоварени да се посветат на знаењето“ се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.