ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби да не се пазари и да не бега, да се врати во Македонија

Од партијата велат „Одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби мора да има“.

„Артан Груби да не се пазари и да не бега, да се врати во Македонија и да си докаже пред суд колку е чист како солза како што самиот тврди, и доколку има храброст да се соочи со доказите. Артан Груби е епицентарот на сите скандали и афери изминатите години. Нема скандал а да не се поврзува со името на Груби. Како кула од карти се сруши наративот на ДУИ дека се борат за ЕУ и зелени агенди. Артан Груби и врхушката на ДУИ, блиски соработници на Али Ахмети под превезот на демократија, правда и зелени агенди се борат исклучиво за да го заштитат крупниот капитал стекнат на криминален начин“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Порачуваат „Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија за да докаже колку е чист како солза“.

„Груби веднаш откако се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал ја напуштил државата по ставањето на црната листа на САД а пред отпочнување на кривичната постапка против него. 8 милиони евра е криминалот во АД Лотарија на Македонија во кој главната улога ја имаат Артан Груби како вицепремиер и Пeрпарим Бајрами како директор на Лотарија. Артан Груби да не се пазари и доколку е чист како солза како што самиот тврди, да се врати во Македонија и да си докаже пред суд доколку има храброст“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „Одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби мора да има“.