ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е уценета и одработува за СДС

„Данела Арсовска уцената со кривични пријави е најдобриот играч на СДС и Димитар Ковачевски и дел од новоформираната коалиција на СДС“ – реагираат од опозициската ВМРО-ДППМНЕ.

„Данела Арсовска самата се вброи во новоформирана коалиција која е финансирана и контролирана од пара полициските структури на СДС. Вистинското прашање е што е уцената позади која Арсовска е принудена да одработува за СДС и да брка луѓе од работа.

Дали е тоа поради тоа што е фатена во сомнеж за корупција од 160 милиони евра за пречистителната станица, незаконски дејанија кои ги потврди и Европската инвестициска банка?

Дали е поради тоа што Арсовска се доведуваше во поврзаност со палењето на возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори и непреземањето на МВР на конкретни дејанија за овој случај?

Дали Арсовска е принудена да одработува за СДС за да се спаси од кривичен прогон влегувајќи во новоформираната коалиција на уценети одработувачи на власта? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Токму опозициската партија беше таа која и ја даде поддршката на Арсовска како независен кандидат за градоначалник на Скопје.