
,,ВМРО-ДПМНЕ Албанија” е ново здружение на Македонците во Албанија
-Ова не е само формалност – ова е нов почеток! Здружението се создаде со една возвишена цел: да ги обедини сите Македонци во Албанија, без разлика на местото, улогата или политичката припадност. Дојде времето да зборуваме заедно, да дејствуваме гласно и да се избориме организирано за нашите права, идентитет и подобра иднина, информираше Елена Симонофски, претседателка на здружението.
,,ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана.
-Ова не е само формалност – ова е нов почеток! Здружението се создаде со една возвишена цел: да ги обедини сите Македонци во Албанија, без разлика на местото, улогата или политичката припадност. Дојде времето да зборуваме заедно, да дејствуваме гласно и да се избориме организирано за нашите права, идентитет и подобра иднина, информираше Елена Симонофски, претседателка на здружението.
-Здружението ќе ги штити и ќе ги промовира правата на македонското малцинство во Албанија. Ќе биде поддршка за активностите и иницијативите во насока на остварување на своите цели и поддршка на своите членови. Нашето мото е дека заедно сме посилни, заедно сме Македонија, посочи Симонофски.
Симонофски чии родители потекнуваат од Церје, Општина Пустец, е родена во Корча, живее во Тирана, македонски активист, учесник и организатор на донаторски акции по повод празници во Пустец, Голо Брдо и Гора.
Освен оваа асоцијација на Македонците, во Албанија постојат и друштвата „Илинден”, „Преспа”, „Сонце”, „Мир”, „МЕД” и „Прегор”, како и единствената партија Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ).