ВМРО-ДПМНЕ: Активист на СДСM и директор од Радовиш нападнал полицајци

Александар Филев, директор на меѓуопштинскиот центар за социјални работи, кој минатиот месец, во Штип беше фатен и приведен од полицијата, за недозволена трговија со дрога, повторно со нов испад, овој пат со напад на полицајци, во алкохолизирана состојба, во полициската станица во Радовиш, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Од партијата објавија дел од полицискиот билтен.

– На 08.03.2024 година во 19:15 часот во ПС Радовиш, е приведено лицето Филев Александар, актуелен директор на ЦСР Радовиш, во врска со пријавен настан за нарушен јавен ред и мир, кој бил видно под дејство на алкохол и во ПС Радовиш, упатил закани, кон двајца полициски службеници, како и кон нивните фамилии и во 20:00 часот е лишен од слобода, за кривично дело, загрозување на сигурноста, по член 144, став 3 од КЗ, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека „Александар Филев е учесник и поддржувач на партиските активности на СДСМ, а како доказ за тоа, се многуте фотографии, на кој Филев е заедно со највисоките функционери на владеачката партија на социјалните мрежи“ се вели во соопштението.

-Со помош на вакви кадри, СДС направи хаос во последните 7 години, каде Македонија ја направија бесправна и нефункционална држава, обвинуваат од опозициската партија.