„Пендаровски ако сака да дебатира со претседателот Мицкоски нека стане претседател на СДС по поразот на 8-ми мај, а до тогаш да и се извини на Силјановска за навредите“ соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат „Стево Пендаровски очигледно му врза свилен гајтан на Димитар Ковачевски и уште од сега си ја најавува амбицијата за иден претседател на СДС од опозиција. А до 8-ми мај, Пендаровски има доволно време да собере грам доблест и да се извини за сите навреди кон Гордана Силјановска Давкова“.
„Изливите на мизогинија и навредите на Пендаровски само покажуваат дека тој ниту е демократ, ниту е созреан за функцијата претседател. Жално е што човек како Пендаровски беше претседател на Македонија“ се вели во партиското соопштение.