ВМРО-ДПМНЕ: Ова ли е проевропска вредност, да ги малтретираш сопствените граѓани да си ги менуваат патните исправи и да им создаваш дополнителни трошоци?

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението до јавноста вели дека владата на СДСМ и Димитар Ковачевски свесно создадоа хаос со промена на патните исправи. Од таму додаваат дека првото понижување владата на СДСМ и Ковачевски го направи со промена на уставното име. Потоа, со промената на личните документи, а сега и со тоа што Република Грција го информира светот дека патните исправи на граѓаните од Македонија од 12 февруари се неважечки.

– Грција буквално слави победа над Македонија, а Ковачевски збор не изустува. Каде е сега Ковачевски да зборува за проевропски вредности и принципи? Ова ли е таа проевропска вредност? Па во која друга земја од Европската унија се случува ова кое што се случува во Македонија и тоа само поради попустливите политики на владата на СДСМ и Ковачевски? Владата на СДСМ и Ковачевски ја понижија државата и граѓаните каде стигнат.Ова ли е проевропска вредност, да ги малтретираш сопствените граѓани да си ги менуваат патните исправи и да им создаваш дополнителни трошоци? се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Од таму додаваат дека тие навреме информирале дека недостасуваат обрасци, но Спасовски и Ковачевски ги обвинувале дека манипулираат со јавноста, за денеска да се испостави дека единствени што лажат и манипулираат се токму тие од СДСM.