Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски не смее да замине како амбасадор во Франција по скандалот со украинскиот олигарх Олександар Онишченко, бара ВМРО-ДПМНЕ.
Александар Николовски вели дека скандалот се случил поради тоа што Димовски цели 16 месеци немал никаква контрола за тоа што му се случува во институцијата. Интервјуто на Николовски е за вечерашното издание на емисијата „360 степени“ на Алсат.