Влошена е состојбата на Пеле

На клиниката „Алберт Ајнштајн“ во Бразил е хоспитализиран Пеле, а лекарскиот конзилиум информираше дека е влошена состојбата на трикратниот светски фудбалски првак.

Пеле беше хоспитализиран поради слабо срце, но и вирусна инфекција, но најголемиот проблем е што ракот прогресира и Пеле ќе го мине Божиќ во болница. Од претходно беше објавено дека хемотерапиите не помагаат во лечењето, но до вчера ситуацијата беше стабилна.

Според тоа што го објави конзилиумот, поради прогресот на ракот, лекарите стравуваат од можно откажување на бубрезите, како и проблемите со срцето, па поради тоа мора да остане под најголема лекарска грижа.

„Хоспитализиран на 29 ноември поради проценки за хемотерапијата поради туморот на дебелото црвево и респираторна инфекција, Едсон Арантес до Насименто покажува прогресија на онколошката болест и бара поголема грижа поврзана со бубрежните и срцевите дисфункции“, објавија од клиниката.

Пеле има 82 години и е трикратен светски првак од 1958, 1962 и 1970 година.

Пеле пред една година имаше успешна операција на дебелото црево, но годинава болеста повторно му се врати откако беа откриени метастази на цревата, црниот дроб и белите дробови.