
ВЛЕН: Таравари да каже зошто посредувал кај Мицкоски ДУИ да се врати во владата?
„Зошто Таравари побара од Мицкоски да го земе ДУИ во Владата? Зошто овој човек дејствуваше скришно за да го врати „политичкиот труп“, како што го нарекуваше тој? Тој им ги должи овие одговори на граѓаните кои пред неколку месеци побараа гласови за промената на злото наречена ДУИ“, прашува ВЛЕН во реакцијата.
По демаскирањето што му беше направено вчера од собраниската говорница, Арбен Таравари им должи на гласачите искрен одговор: што го натера да ја преземе улогата на посредник на Али Ахмети и на Артан Груби кај Христијан Мицкоски? – се наведува во соопштението од ВЛЕН.
„Зошто Таравари побара од Мицкоски да го земе ДУИ во Владата? Зошто овој човек дејствуваше скришно за да го врати „политичкиот труп“, како што го нарекуваше тој? Тој им ги должи овие одговори на граѓаните кои пред неколку месеци побараа гласови за промената на злото наречена ДУИ“, прашува ВЛЕН во реакцијата.
Според нив нема сомнение дека планот на Артан Груби и Арбен Таравари бил соборување на ВЛЕН како претставник на волјата на Албанците и враќање на ДУИ на власт низ „прозорец“, откако народот ја исфрли низ вратата.
„Целата јавност виде како Таравари, во телевизиските емисии, ги навредуваше ВЛЕН и нејзините гласачи, додека го фалеше премиерот само за да остане во Владата. На идентичен начин, ДУИ во кампањата спомена „кексови и гурабии“ и „чизми на таванот“, додека во собата 161 во Собранието молеше по секоја цена да остане во владата, дури и без претседател на Собранието на Република Северна Македонија, само ВЛЕН да не ги претставува Албанците.
Прашањето што се поставува е следново: Што го натера Таравари да изврши ова политичко самоубиство?Дали беше прашањето за „Ѓока Констракшн“ или некоја уцена од неговиот близок пријател, Фатмир Меџити, оној кој, покрај директорската плата, го вработил за илјада евра месечно?
Денес е јасно дека планот на Артан е уништен и маските паднаа. Таравари заврши во скутот на Али Ахмети, Блерим Беџети, Муса Џафери, Бујар Османи и целата политичка каста што владееше со оваа земја 20 години, но не реши ниту еден од проблемите на Албанците“, порачуваат од ВЛЕН.