ВЛЕН: “СПАК-от” на ДУИ е за Фејсбук или за правда?

ВЛЕН ја коментира најавата на ДУИ дека ќе формира партиско Специјално обвинителство против корупција и криминал именувано акко тоа во Албанија – СПАК.

ВЛЕН ја коментира најавата на ДУИ дека ќе формира партиско Специјално обвинителство против корупција и криминал именувано акко тоа во Албанија – СПАК.

-ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на „локален СПАК“, како да ја открила „Америка“. Но, прашањето што веднаш се поставува е: дали овој СПАК ќе го истражи и сопственото раководство? Или е само уште еден театар за измама на граѓаните?

Корупцијата има познати лица: Фатон Ахмети, поради сомневања за злоупотреба на средства во ФЗО, Арбер Адеми, како министер за образование со отворени случаи за злоупотреба, Бујар Османи за случајот „Пациент“ и многу други кои денес седат во раководството на ДУИ како недопирливи.

ВЛЕН го поздравува овој „СПАК“ на ДУИ и сугерира дека, ако е навистина за акција, а не за спектакл, треба да ги започне истрагите токму со овие имиња. Првото нешто што треба да го направи е да воспостави комуникација со СПАК на Албанија и да побара екстрадиција на Артан Груби, симбол на ароганција и злоупотреба на моќ. Ако овој СПАК е сериозен, нека се обиде да ги истражи сопствените недопирливи. Само тогаш граѓаните ќе веруваат дека транспарентноста не е фасада, туку реалност. Дотогаш, ова останува потсмев, „СПАК за Фејсбук“, а не за правда, коментираат од ВЛЕН.