ВЛЕН: Со ребалансот на буџетот обезбедивме 30 милиони евра за албанските општини
Коалицијата ВЛЕН со ребаланс на буџетот во рамки на определбите на Владата определи финансиска програма од 6 милијарди денари од кои значителен дел ќе бидат инвестирани само во албанските општини. Од овој вкупен износ од 6 милијарди денари, 1/3 или 30 милиони евра ќе биде наменети за општините со мнозинско Албанско население до крајот на 2024 година.
Оваа инвестиција, според ВЛЕН, е важен чекор за подобрување на инфраструктурата, јавните услуги и квалитетот на животот на граѓаните.
Оваа финансиска програма ќе вклучува различни развојни проекти насочени кон: Подобрување на патната инфраструктура: Изградба и одржување на патишта за да се олесни циркулацијата и поврзувањето меѓу општините; Зголемување на квалитетот на образованието: Инвестиции во училишта, обука на наставниците за да се гарантира квалитетно образование за младите; Подобрување на здравствените услуги: Опремување на болниците и здравствените домови со модерна технологија и зголемување на капацитетите за напредни здравствени услуги; Економски развој: Поддршка за локални бизниси и нови економски иницијативи за стимулирање на создавање работни места и економски развој на регионот; Заштита на животната средина: Проекти за зачувување и заштита на животната средина за да се гарантира одржлива иднина за идните генерации.
„Оваа инвестиција ја одразува посветеноста на коалицијата ВЛЕН и Владата за поддршка и унапредување на животот на граѓаните во земјата. Убедени сме дека овие проекти ќе имаат значително и позитивно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните и ќе придонесат за сеопфатен развој на општините со албанско мнозинство. Ги повикуваме сите граѓани и локални чинители да соработуваат во успешна реализација на овие проекти и да придонесат за градење подобра иднина за сите“, соопштија од коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ.