ВЛЕН: Исклучувањето на Груби од ДУИ е неопходен потег
Коалицијата ВЛЕН преку соопштение ја повикува ДУИ да преземе конкретни мерки за зачувување на стратешкото партнерство на Албанците од Македонија со Соединетите Американски Држави и да докаже дека Албанците нема да бидат заложници на криминалот.
Коалицијата ВЛЕН преку соопштение ја повикува ДУИ да преземе конкретни мерки за зачувување на стратешкото партнерство на Албанците од Македонија со Соединетите Американски Држави и да докаже дека Албанците нема да бидат заложници на криминалот.
ВЛЕН бара ДУИ да донесе формална одлука за исклучување на Артан Груби од партиско членство.
„Досегашните изјави на Али Ахмети и Бујар Османи за принципиелност и транспарентност останаа само празни зборови. Ги повикуваме да преземат конкретни чекори кои ќе докажат дека нивните ветувања и заложби се реални и дека нема да дозволат какво било сомневање за криминална или нечесна активност да го наруши угледот и иднината на Албанците во С. Македонија.
„Јавниот притисок е реален и легитимен – граѓаните бараат конкретни акции, а не празни флоскули. Доколку ДУИ сака да ја потврди сериозноста на заложбите за владеење на правото и севкупниот општествен интегритет, итно е потребно да покаже дека нема да толерира сомнителни активности од своите редови. Исклучувањето на Артан Груби од партијата е неопходен потег за да се испрати јасна порака дека партијата и нејзините лидери се искрени во посветеноста на почитување на владеењето на правото и силно партнерство со САД. Се друго е јасен доказ дека го прикриваат и штитат својот пријател Артан Груби“, велат од ВЛЕН.
„Веруваме дека со итни и решителни дејствија ДУИ ќе покаже дека зборовите на Али Ахмети и Бујар Османи не се празни ветувања, туку дека тие навистина стојат зад нивните принципи на правда, законитост и заштита на стратешките интереси на Албанците во С. Македонија“, додаваат од коалицијата составена од три партии.
Поранешниот вицепремиер доби отказ од Правниот факултет на отсекот за новинарство, на Државниот универзитет во Тетово. Постапката за завршување на работниот однос на Груби, кој е недостапен за органите за прогон од 15-ти декември и е осомничен во случајот „Државна лотарија“, била почната минатата година.
Универзитетот не добил повратен одговор од Груби за отказот. Тој таму бил вработен во 2012-та година, но поради вршење јавна функција местото му било во мирување до август лани. Груби од тогаш, па до напуштањето на државата во декември доаѓал на работа во универзитетот.
Груби се бара со меѓународна потерница, а лидерот на ДУИ, Ахмети, потврди дека тој се наоѓа во Албанија.