
Коалицијата ВЛЕН ги финализираше преговорите за распределбата на кандидатурите за претстојните локални избори во ноември.
Според новинската агенција ИНА, во скопската општина Чаир коалицијата ќе настапи со вицепремиерот Изет Меџити, во Тетово со актуелниот градоначалник Билал Касами, во Кичево со министерот Фатмир Лимани, а докторот Фадил Цана ќе се бори во Гостивар.
Понатаму, кандидат на ВЛЕН во Сарај ќе биде Мухамед Елмази, а во Дебар – Фисник Мела.
Што се однесува до другите кандидати, тоа се Фети Абази во Боговине, Даут Мемиши во Теарце, Блерим Сејдиу во Желино, Хаќим Рамадани во Брвеница, Афет Јашари во Студеничани, Неџмедин Садику во Липково и Хамит Шабани во Врапчиште.
За општината Арачиново, одлуката се уште се разгледува меѓу двајца потенцијални кандидати и се очекува наскоро да биде финализирана.