ВЛЕН: Ако Ахмети сака предвремени избори, нека депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката

Коалицијата ВЛЕН му порачува на Ахмети, наместо да ги храбри уплашените поранешни функционери со лажни барања за предвремени парламентарни избори заедно со локалните нека се посвети на внатрешни кадровски и програмски реформи.

Уште една потврда дека коцкарските бизниси имаат сериозно влијание врз политиките на ДУИ. Затоа, покерските блефови на Ахмети не треба да се сфаќаат сериозно.

Коалицијата ВЛЕН му порачува на Ахмети, наместо да ги храбри уплашените поранешни функционери со лажни барања за предвремени парламентарни избори заедно со локалните нека се посвети на внатрешни кадровски и програмски реформи.

Сепак, ако навистина сака предвремени парламентарни избори, прво нека депонира писмена гаранција
дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката, за да не трошиме народни пари за проблемите на Ахмети и Села да спречат распаѓање на нивниот таканаречен фронт, се вели во соопштението на ВЛЕН.