„Влезот на Финска и Шведска во НАТО ќе влијае на мирот во Европа“
„Приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО ќе има негативни последици за мирот и стабилноста во Северна Европа“.
Ова е оценката на руското Министерство за надворешни работи.
Портпаролката Марија Захарова рече дека меѓународната политика на воена неврзаност на Финска и Шведска служи како солидна основа за градење на заемно корисни односи со Русија.
Според неа, приклучувањето кон воената алијанса нема да им помогне на Финска и Шведска да ја зајакнат својата безбедност, туку ќе ги доведе до линијата на фронтот.
„Изборот зависи од шведските и финските власти, но тие треба да ги сфатат импликациите од таквиот чекор за односите со Русија и воопшто за европската безбедносна архитектура, која моментално е во криза“ рече Захарова.