
Влатко Стефановски му го подари албумот „London Sessions“ на кралот Чарлс во Лондон
Стефановски е сега единствениот музичар од регионот кој имал лична средба со британскиот монарх и му ја претставил својата музика. А Манчевски ја искористил можноста да го препорача својот култен филмски првенец на кралот.
На синоќешниот прием за учесниците на самитот на Берлинскиот процес во Лондон, Влатко Стефановски му го подарил својот албум „London Sessions“ на кралот Чарлс III. На приемот во палатата St.James покрај политичките лидери беа поканети и Стефановски, режисерот Манчевски и Раде Шербеџија.
Стефановски е сега единствениот музичар од регионот кој имал лична средба со британскиот монарх и му ја претставил својата музика. А Манчевски ја искористил можноста да го препорача својот култен филмски првенец на кралот.
Aлбумот „London Sessions“, издаден на ЦД и тројно ЛП издание од Croatia Records, беше снимен во легендарното студио 3 на Abbey Road во Лондон. На албумот се појавуваат Стефановски, заедно со неговиот син Јан Стефановски на тапани и Тихомир Хојсак на електричен контрабас. Снимањето и продукцијата ги водеше Горан Мартинац, со помош од Ед Фарел и Лија Морис, додека Шон Меги, добитник на Греми за „Mono Box Set“ на Битлси, го направи последниот лакиран рез. Музиката на Влатко Стефановски, снимена на легендарната Abbey Road, сега ќе одекнува во кралските одаи.
Горди сме што нашиот изведувач имаше можност да ја претстави својата работа и музиката од нашиот регион пред британскиот крал. – велат од Croatia records.