Влатко Стефановски во Ниш прославува 50 години кариера
Прославениот македонски музичар и основач на групата Леб и сол – Влатко Стефановиски во сабота, 6 јули во 21 часот ќе одржи концерт во Ниш во дворот на Универзитетот.
Ќе настапат како трио со тапанарот Јан Стефановски и басистот Иван Кукиќ, а повод е прославата на 50 години музичка кариера.
„Кралот на гитарата“ како што го нарекоа организаторите на концертот во Ниш, со својот бенд ќе изведе дел од хитовите што ги одбележаа епохите на Леб и Сол, како и оние што ги изведуваше кога ја започна својата соло кариера. .
Некои од песните што жителите на Ниш ќе може да ги слушнат ќе бидат „Спасувам ноќ од будни“, „Јовано, Јованке“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Као какао“, „Чукни во дрво“, „Скопје“, „Мамурни људи“ и многу други.
Познатиот музичар почнал да свири гитара на 13-годишна возраст, а веќе на 18-годишна возраст ја основал групата „Леб и сол“, која набрзо станала една од најважните и најпопуларни рок групи на поранешна Југославија, вешто спојувајќи ја македонската традиционална музика и современ рок организатори.
По распадот на групата, тој развива успешна соло кариера од средината на деведесеттите, пишуваат српските медиуми.