Властите во Полска ќе отстрануваат споменици на советски војници

Властите во Полска планираат да урнат 60 споменици на советски војници. Ова го изјавил Карол Навроцки, раководител на Институтот за национално сеќавање.

„Имаме список од околу 60 локации од кои тие (спомениците) мора да бидат отстранети“ – изјави Навротски за „Радио Гдањск“.

Тој вели дека многу локални претставници сега се „подготвени да го решат проблемот“.

Тој нагласи дека доколку локалните власти не сакаат да ги уништат спомениците „можат да ја очекуваат неговата посета“.

„Можеби имаат аргументи да ме убедат дека црвената ѕвезда, симбол на системот што уби 100 милиони луѓе, треба да биде на јавна површина“ – рече тој.

Во последните години во Полска се уништени стотици споменици на војниците на Црвената армија кои загинаа во ослободувањето на земјата.

Во летото 2017 година, полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша амандмани на законот со кој се забранува пропаганда на комунистички или друг тоталитарен систем во имиња на згради, објекти и простории за јавна употреба.