
Владо Георгиев фатен како консумира алкохол зад волан: Слики од пејачот се појавија во УТРИНСКИТЕ ЧАСОВИ
На социјалните мрежи се појавија фотографии од пејачот Владо Георгиев на кои тој консумира алкохол додека е зад воланот.
Имено, една страна на Инстаграм ги сподели сликите на пејачот на кои се гледа како пие пиво од лименка додека седи во автомобил, а истото подоцна се појави и на социјалната мрежа „Х“.
– Познат пејач сторил кривично дело предизвикување јавна опасност консумирајќи алкохол додека возел – пишувало под фотографиите на Инстаграм со тврдење дека сликите се направени во утринските часови.
Vlado Georgiev pije za volanom pic.twitter.com/j1cD69PFva
— Malagaravaa (@vaskekopirinac) April 3, 2024
Овие фотографии направија вистински метеж на социјалните мрежи, бидејќи еден дел од нивните корисници остро го осудија Георгиев, а друг дел беа на негова страна, наведувајќи дека автомобилот во тој момент бил паркиран и оставен надвор од сообраќај.
„Може да пие голтка пиво и да вози до 0,2 дозволено“, „Можеби пие безалкохолно“, „Не гледам да вози овде“, се само дел од бројните коментари.