Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски пред НУБ во Скопје

По повод одбележувањето на државниот празник 8 – ми декември „Свети Климент Охридски“, владина делегација положи цвеќе пред споменикот на овој просветител пред Националната универзитетска библиотека во Скопје.

Владина делегација составена од заменик министерот за правда  Агим Нухиу и  заменик министерот за финансии Филип Николоски.

-Со одбележувањето на овој ден, го одбележуваме делото на Свети Климент Охридски, големиот ученик на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј чие име се поврзува со почетоците на македонската писменост. Свети Климент Охридски оставил печат не само на македонската писменост и историја, туку и на историјата и на другите народи на Балканот, бидејќи е основоположник на Охридската книжевна школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет Свети Климент Охридски“. Почитувањето на јазикот и писменоста е почитување на историјата, самобитноста и различноста, се наведува во соопштението од владината прес-служба.