И денес делегација од Владата ќе биде во посета на Италија.
Делегацијата е предводена од заменик премиерот за економски прашања, Фатмир Битики, министерот без ресор задолжен за дијаспората, Џемаил Чупи, градоначалници и претставници на стопанските комори на Северна Македонија.
Според најавите по средбата со претедателот на Советот на метрополата Венеција, Ермелинда Дамиано, вице премиерот Битики, министерот Чупи и Мунир Шемси, претседател на Асоцијацијата „АПИ НОРТЕСТ“, ќе одржат прес конференција за италијанските и македонските медиуми.
За попладне е закажана работна средбана на претставници на македонските стопански комори со Унијата на стопанските комори на Италија, а посетата завршува со организирање на бизнис форум меѓу стопанственици од двете земји и присуство на претставници на регионалните власти на регионот Венето.
Посетата на македонските претставници и средбите ги организираа Асоцијацијата „АПИ НОРТЕСТ“ и Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција.