Врховниот суд смета дека пресудата за „Транспортер“, во која е осуден битолскиот градоначалник Владимир Талески, доби затворска казна и таа е законски изречена.
Аболицијата дадена од експретседателот Ѓорге Иванов не ги опфаќа осудените.
„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП-КОК2 бр.6/23, со која барањата на осудените В. Т. и С. Б. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, КОК бр. 30/17, од 31.3.2020 година, и пресудата на Апелациониот суд Скопје, КОКЖ бр. 70/20, од 8.4.2022 година, ги одби како неосновани, а барањето на осудениот Ѓ. Т. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, КОК бр. 30/17, од 31.3.2020 година, и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр. 70/20, од 8.4.2022 година, го отфрли како недозволено“, велат од Врховниот суд.