Владимир Ефтимоски – претседател на УО на Стопанска банка а.д. Битола поднесе оставка од функцијата

Владимир Ефтимоски – претседателот на УО на Стопанска банка а.д. Битола поднесе оставка од функција.

Како што стои во известувањето до Македонската берза, на негово место е именувана Александара Радевска. Од Стопанска банка Битола известија и за промени во надзорниот одбор на банката.

„Стопанска банка а.д. Битола известува дека на ден 8.11.2023 година, г-дин Владимир Ефтимоски поднесе оставка од функцијата член и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола. Воедно, на седницата на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола одржана на ден 9.11.2023 година, за Претседател на Управниот одбор е назначена г-ѓа Александра Радевска“, се вели во објавата на Берзата.

Од Стопанска банка а.д. Битола соопштија дека на седницата на Надзорен одбор одржана на 9.11.2023 година од редот на членовите на Надзорниот одбор за претседател е именувана Гордана Гацева, додека за заменик-претседател е именуван Борислав Атанасовски.