Влада: Нафта од државните резерви за ЈСП

Владата се вклучи во решавањето на проблемот со недостигот на нафта за автобусите на ЈСП Скопје. На денешната вонредна седница е донесена одлука со која ќе се овоможи на градот Скопје да му се позајмат дел од нафтените резерви на државата.

Како што брифираат за МИА од Владата, денеска, меѓудругото, Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје.

Со ова, како што се потенцира, Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај.

На вонредната седница на која се расправаше за недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, била констатирана лошата состојба и недостиг на гориво за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие при што Владата се вклучи во решавање на овој проблем.

Веќе втор ден на улиците на Градот Скопје сообраќаат по триесетина автобуси на градското сообраќајно претпријатие поради недостиг на нафта. Граѓаните со часови чекаат автобус.