Влада: ЕСМ без увоз на струја во целост ги задоволува потребите за струја

АД ЕСМ на вчера произведе 11.149 MWh електрична енергија, информираат денеска од Владата.

Во Термоелектраните биле произведени 7.652 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 3.497 MWh.

Од Владата велат дека АД ЕСМ вчера целосно ги задоволило потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.