Влада: АД ЕСМ вчера произведе 12.040 MWh електрична енергија
Во Термоелектраните произведени се 9.105 MWh. Во функција се два блока на РЕК Битола и едниот блок на РЕК Осломеј. Во ТЕЦ Неготино во тек се сервисни и ремонтни активности со цел зајакнување на постројката за следниот период кога се очекува поголема потрошувачка на струја, соопштија од Владата.
Како што потенцираат, во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци вчера беа произведени 2.935 MWh.
-АД ЕСМ вчера произведе 12.040 MWh електрична енергија и целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, се наведува во владиното соопштение.