Владата ќе потпише договор за стратешка соработка со Унгарија
Во рамките на посетата, се очекува потпишување на: договор за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија и Меморандум за разбирање меѓу Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија за соработка во рамките на Програмата Stipendium Hungaricum за периодот 2026–2028, се додава во соопштението.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе му биде домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој доаѓа во работна посета на Македонија, информираше МНР.
„Во фокусот на разговорите ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна соработка, како и тридецениското пријателство и континуираниот пораст на трговската размена“, соопшти МНР.