Владата ќе одржи седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница, информира владината прес служба.

На седницата, како што соопштија ќе бидат разгледани мерки за помош на стопанството, граѓаните и општините. За заклучоците и одлуките по точките од дневниот ред ќе биде соопштено по нејзиното  завршување.