![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2024/10/kocevski-750x430.jpg)
Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски
Владата на Мицкоски била разочарана по падот за 12 места на Индексот за корупција во последниот извештај на „Транспаренси интереншенел“.
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева.
„Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава“, рече Митева.
Како причини за ваквата одлука е последниот Индекс за корупцијата на „Транспаренси интеренешенел“ според кој Македонија падна за 12 места подолу на скалата во однос на 2023. Како причина се наведува и последното именување за вршител на должноста шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, кое, според Владата е незаконско.
Според Законот за јавно обвинителство, републичкиот обвинител го избира и разрешува Собранието, а го предлага Владата од оние кандидати за кои добила позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.
Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години, а Коцевски беше избран на оваа позиција пред една година.