Владата ќе бара маркетите да ги објават сите цени на производите на веб-страница

Сите ланци на супер маркети да имаат јавна веб страна на која што ќе ги објават сите цени на сите производи, па да можат граѓаните сами да одлучуваат, откри денеска една од мерките премиерот Христијан Мицкоски, а истата ќе биде предложена и на седница на Влада.

-Не би сакал да шпекулирам, еве една од мерките која што сакам да ја кажам и ќе ја предложам на Влада, сите ланци на овие супер маркети, хипер маркети да имаат јавна веб страна, транспарентна, на која што ќе ги објават сите цени на сите производи кои што ги имаат во своите маркети, да можат граѓаните да видат јасно колкави се цените, и оние самите да одлучуваат, како што имаат некои земји во светот и да ги следиме тие трендови и да направиме некаков хистограм на движење на тие цени, кажа денеска претседателот на Владата за најавените мерки по извештајот на пазарните инспектори за цените во маркетите.