Владата пред реконструкција: Мицкоски вели дека и е потребна поголема динамичност

„Тоа не значи дека луѓето кои ќе бидат заменети биле лоши или немарни, но на владата секогаш и треба подинамичен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме. А ние се наоѓаме на патот на промените, на патот на градење промени, а за првпат после долго време на градење заеднички успеси кои ќе донесат подобра иднина и шанса какви генерации млади луѓе чекаат“, рече Мицкоски.

После овие избори ќе ги отвориме вратите на партијата за нови смени и за нови луѓе. И во владата ќе има реконструкција и подобрување и поголема динамика на капацитетите. Веќе добро знаеме како може уште посилно и похрабро со зголемени потенцијали.

„Тоа не значи дека луѓето кои ќе бидат заменети биле лоши или немарни, но на владата секогаш и треба подинамичен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме. А ние се наоѓаме на патот на промените, на патот на градење промени, а за првпат после долго време на градење заеднички успеси кои ќе донесат подобра иднина и шанса какви генерации млади луѓе чекаат“, рече Мицкоски.

Кажа дека бројките од макроекономијата покажале зголемен извоз, зголемен БДП, раздвижена економија, раст на стопанството, а луѓето наскоро ќе ги почувствуваат овие резултати.

„Промените во владата ќе значат уште посилно темпо и уште поголеми заеднички успеси кои ќе оделотворат дека сме на правиот пат и граѓаните го направиле вистинскиот избор. На овие избори ќе се направат и на површина ќе излезат се уште живите непринципиелни коалиции на криминалот, корупцијата и личните интереси. Еден човек ми вели, го готвите ДУИ да ви биде партнер во владата. Мојот директен одговор е, ДУИ уште долго ќе биде опозиција затоа што досега не научи ниту една лекција. Не ги ставивме во опозиција за без ниту една научена лекција да се вратат на власт. Тие таму припаѓаат со нивниот коалициски пајташ по криминалот и ударите по Македонија, СДСМ. Јас ќе бидам многу јасен и прецизен – овие избори нема да бидат вратата на ДУИ во владата и интригите и игрите од Зајас и Мала Речица нема да поминат. Македонија ќе им каже „не“ на СДСМ и ДУИ“, рече Мицкоски.