Владата пред избори подготвува повторно линеарно зголемување на пензиите
Се прави анализа за линеарно зголемување на пензиите од 1.000 денари наесен и исто толку наредната пролет, соопшти премиерот Христијан Мицкоски прашан дали ќе има предизборно покачување на пензиите и додаде дека одлуката ќе биде набргу донесена.

-Правиме анализа линеарно да се зголемат пензиите по 1.000 денари сега, на есен, во октомври кога ќе ја земат пензијата, и во април, практично за март, 2.000 да има линеарно зголемување за сите пензионери во рамките на следните шест месеци. Сериозно сме во таа анализа и многу скоро од денеска, бидејќи тоа мора да се случи пред распишување на изборите, дали преку закон со скратена постапка или преку група пратеници, ќе го поднесеме, изјави Мицкоски во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.
Како што рече, тоа е барање на пензионерите кои на сите средби што ги имал со нив сакаат линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите.
-Многу сме блиску до носење на таква одлука. Сериозно сме ангажирани во таа анализа, правиме проценка колкаво би било зголемувањето, колкав би бил волуменот на парична маса да го поделиме со бројот на пензионери, додаде премиерот.