Владата праќа нефролог за амбасадор во Франција
Игор Николов е се, само не дипломат од кариера, иако во еден период, додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во времето на Никола Груевски, бил прв секретар во амбасадата на Македонија во Париз. Неговото име се спомнуваше и како можен иден директор на Клиничкиот центар ако бидат споени клиниките, што пак ја наметнува дилемата – при толкав недостиг на доктори во земјата зошто Владата го праќа во дипломатијата и каква допирна точка има нефрологијата со тоа.
Премиерот Христијан Мицкоски денес на прес конференција најави дека Владата донела одлука нов амбасадор на Македонија во Франција да биде Игор Николов, партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, инаку доктор нефролог. Неговото име Мицкоски го соопшти во контекст на информацијата за советниците, која според него не е конечна и затоа не е објавена, посиочувајќи го Николов како негов советник за здравство кој сега оди на друга функција.
Амбасадата на Македонија во Париз подолг период стои празна откако Виктор Димовски, поранешен директор на АНБ беше одбран за таа функција и ги помина процедурите, но на крајот извиси од функцијата. Неофицијално амбасадата на Франција во Македонија неколкупати се пожалила и барала да биде испратен нов амбасадор бидејќи вака им е потешто да ја развиваат соработката.
Инаку, Игор Николов е се, само не дипломат од кариера, иако во еден период, додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во времето на Никола Груевски, бил прв секретар во амбасадата на Македонија во Париз. Неговото име се спомнуваше и како можен иден директор на Клиничкиот центар ако бидат споени клиниките, што пак ја наметнува дилемата – при толкав недостиг на доктори во земјата зошто Владата го праќа во дипломатијата и каква допирна точка има нефрологијата со тоа.