Владата одреди 10.000 работни дозволи за странци во 2026 година

Најголемиот дел, 9.750 дозволи, се наменети за редовно вработување на странци во земјата, додека останатите 200 се за упатени странци, а 50 за сезонско работење.

Владата на Република Северна Македонија го одреди бројот на работни дозволи за странци за 2026 година, кој изнесува вкупно 10.000 дозволи.

Најголемиот дел, 9.750 дозволи, се наменети за редовно вработување на странци во земјата, додека останатите 200 се за упатени странци, а 50 за сезонско работење.

Од квотата за редовно вработување, 4.500 дозволи се за нови работници, вклучително 4.000 позитивни мислења за првпат и 500 работни дозволи за првпат, додека за продолжување на дозволите на странци кои веќе работат се предвидени 5.250 ангажмани, од кои 4.750 се позитивни мислења за продолжување и 500 работни дозволи за истата намена.

Министерството за економија и труд ќе ја следи искористеноста на квотата и состојбата на пазарот на трудот, а Владата може да преземе дополнителни мерки доколку е потребно.

Одлуката стапува на сила од 16 јануари 2026 година.