Владата негира дека преговара со Британија за мигранти, СДСМ: Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп

Македонската Влада негира дека води преговори со Велика Британија за прифаќање на мигранти кои се одбиени за азил, како што објавија британски медиуми.

Македонската Влада негира дека води преговори со Велика Британија за прифаќање на мигранти кои се одбиени за азил, како што објавија британски медиуми.

-Ваквиот напис е за внатрешно-политичка употреба. Единствената вистина е таа што ја кажа и амбасадорот на Британија во Македонија Метју Лосон во јавна изјава во мај, кога категотично ги отфрли тврдењата дека Македонија ќе прифаќа мигранти – изјавила портпаролката на Владата Марија Митева за СДК.

Инаку, Дејли мејл“ и други британски медиуми денеска објавија дека неуспешните баратели на азил би можеле да бидат депортирани во Македонија според новиот план за намалување на преминувањата низ Ла Манш, како и дека Македонија влезе во формални разговори со Велика Британија за да биде домаќин на „центар за враќање“ на мигранти наесен.

Веднаш потоа, од СДСМ реагираа дека „предавникот Христијан Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп за пари“.

„Предавникот Мицкоски, кој се колнеше во татковина и викаше дека шанса нема да има кампови, преговара да ја направи Македонија депонија за мигранти. Со ова предавство државата станува отпадна периферија на Европа.

Според текстот, разговорите почнале уште во раната есен, во период кога Мицкоски во земјата глумеше патриот и уверуваше дека нема да се отвораат кампови. За секој примен мигрант, Мицкоски и владата ќе добиваат пари од Британија.

Тоа значи дека Мицкоски ја продава државата, ја претвора во мигрантски логор за ситни пари. Ова е трговија со суверенитетот, со безбедноста и со иднината на нашите граѓани“, соопштија од СДСМ.

Лондон и Скопје водат разговори за прифаќање мигранти од Велика Британија, објавија британски медиуми