Владата на Косово со по 100 евра за вработени, пензионери и студенти!

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска ги претстави новите мерки за поддршка на пензионерите, вработените во приватниот и јавниот сектор и студентите со по 100 евра за април. Тој информираше дека вкупната вредност на овој социјален пакет изнесува 100 милиони евра.

„За април двојно ќе ја зголемиме социјалната помош за сите семјства кои се нејзини корисници. На сите слоеви пензионерите ќе им поделиме по 100 евра додатоци за април. По 100 евра ќе добијат работниците во приватниот сектор, а исто толу ќе добијат и 80.000 јавни службеници. Исто така сите студенти ќе добијат по 100 евра, а за ранливите слоеви издвоивме повеќе од 80.000 евра“ – изјави Курти.

Со овој пакет, според косовскитот премиер, ќе бидат опфатени околу 800.000 граѓани, или „практично секое семејство во Косово“.

Курти најави дека наскоро се очекува да се усвои нацрт-закон за укинување на данокот на платите кои се до 250 евра, како и зголемување на минималната плата.