Владата на денешната седница донесе одлука за формирање на Совет за следење на имплементацијата на Развојната Секторска Стратегија за правосудство (2024 – 2028)

Владата на денешната седница донесе одлука за формирање на Совет за следење на имплементацијата на Развојната Секторска Стратегија за правосудство (2024 – 2028)

Советот се формира заради обезбедување на континуитет на досегашната пракса за следење на реформите во правосудството. Како што е познато ,Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 26.12.2023 година ја усвои Развојната Секторска Стратегија за Правосудство (2024 – 2028) со нејзиниот Акциски план.

Советот ќе се грижи за навремено спроведување на мерките и активностите согласно Акцискиот план, следење на приоритетите, временската рамка и роковите за имплементација и оценување на постигнатите резултати во спроведување на Акцискиот план.
Со Советот ќе претседава министерот за правда, а останати членови  се:
По функција :
        Министерот за внатрешни работи;
        Министерот за информатичко општество и администрација;
        Министерот за финансии;
        Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања;
        Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење;
        јавен обвинител на Република Северна Македонија;
        претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија;
        претседател на Судски совет на Република Северна Македонија;
        претсетедател на Совет на јавни обвинители Република Северна Македонија.

Други  членови  се:
        Академик Владо Камбовски;
        Вера Коцо, судија во пензија;
        Аднан Јашари, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово;
        Слаѓана Тасева, поранешна претседателка на Транспаренси интернешнл – Македонија;
        Беса Арифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово;
        Неда Здравева, професор на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” – Скопје;
        Абдула Азизи, професор на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово;
        Никола Прокопенко, државен советник за кривично законодавство во Министерството за правда;
        Марија Николовска Ѓорѓиев, кабинетски службеник во кабинетот на заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања;
        Жарко Хаџи Зафиров, претставник од БЛУПРИНТ групата за правосудство;

На седниците по потреба ќе присуствуваат и ќе ја следат работата и други министри , заменици на министри и функционери кои раководат со органи на джавната управа, домашни и меѓународни експерти, стручни лица и претседателите на Здрженијата на судии, на јавни обвинители, на судска служба и јавнообвинителска служба.