Владата на вонредна седница ќе го решава проблемот со ЈСП

Владата во 14 часот закажа вонредна седница на која ќе се расправа за проблемот со јавниот превоз во главниот град. Скопјани од вчера имаат редуциран градски превоз поради недостиг на гориво за автобусите.

Владата во 14 часот закажа вонредна седница на која ќе се расправа за проблемот со јавниот превоз во главниот град. Скопјани од вчера имаат редуциран градски превоз поради недостиг на гориво за автобусите.

Најголем дел од автобусите се лоцирани во базите во „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров.

На седницата, велат за„Фоус“, ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП.

Владата да додели 2,5 милиони литри гориво за автобусите на ЈСП, предлагаат од СДСМ

СДСМ ги претстави трите предлози за надминување на кризната состојба во Град Скопје и проблемите со работата на јавните претпријатија.

„1. Измени и дополнување на Законот за финансиска поддршка на општините и јавните претпријатија основани од нив.

(Овој закон беше донесен во 2018 година од нашата Влада, кога беа сервисирани долговите на општините, вклучително и долгот на Град Скопје од над 30 милиони денари).

– Предлагаме, Собранието на РСМ, по скратена постапка, да ги усвои овие измени за да се обезбеди финансиска стабилност на Град Скопје. Нашите пратеници ќе го поднесат овој предлог.

2. Владата на РСМ итно да донесе одлука за доделување субвенции-евро дизел гориво од државните резерви за нафта.

– Предлагаме Владата на РСМ да обезбеди 2,5 милиони литри евро-дизел од државните резерви на нафта, кои би биле доволни за функционирање на јавниот превоз до крајот на 2024 година.

Ова е мерка што мора да се реализира веднаш, за да се стави крај на агонијата со јавниот превоз.

3. Предлагаме, пратениците во Собранието на РСМ да иницираат свикување на Надзорна расправа во Собранието за состојбата во Град Скопје. Одржувањето на надзорната расправа би било примерот на претходните расправи, за прашања од јавен интерес. Собранието на РСМ, како суверен претставник на волјата на граѓаните има легитимно право да расправа за овие прашања“, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.