Владата на Република Северна Македонија вчера на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување на нови кадровски решенија, и тоа:
Фејсаљ Беадини, се именува за в.д. директор на Биро за процена, орган во состав на Министерството за правда.
Седад Рушани се именува за в.д. директор на Биро за метрологија орган во состав на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Шабан Алајбегу се именува за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат.
Хаќим Рамадани се именува за в.д. директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Зухејр Реџепи се именува за в.д. директор на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам.
Месуд Јакупи, се именува за в.д. директор на Агенција за стоковни резерви.
Џеладин Џеладини се именува за в.д. директор на Казнено поправна установа Затвор Тетово.
Сељатин Бељули, се именува за в.д. директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија Скопје.
Весна Пешова се именува за в.д. заменик директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија Скопје.
Ељјеса Незир се именува за в.д. директор на Државниот завод за индустриска сопственост.
Гранит Османи се именува за в.д. директор на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, соопштија од Владата.