Владата го прими предлог текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
Како што се вели во соопштението до медиумите била донесена одлука да се формира работна група во следниот состав: Александар Николоски, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Гордана Димитриеска Кочоска, министер за финансии и Синиша Ивановски, директор на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, која во наредниот период ќе работи на разгледување на предлогот.
Владата на денешната седница го примила предлог текстот на Договорот за подготовка, градење и експлоатација на прекуграничен железнички тунел, поднесен од Република Бугарија.
Како што се вели во соопштението до медиумите била донесена одлука да се формира работна група во следниот состав: Александар Николоски, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Гордана Димитриеска Кочоска, министер за финансии и Синиша Ивановски, директор на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, која во наредниот период ќе работи на разгледување на предлогот.
„Би сакале да потенцираме дека Владата е силно посветена на изградба и модернизација на европските транспортни коридори, меѓу кој и коридор 8. Во таа насока изградбата на коридор 8 е стратешки проект на кој се посветува огромно внимание и во рамки на приоритетите се преземаат активности за негова доизградба“, велат од Министерството за транспорт.
Од таму додаваат дека целта на Владата преку Министерството за транспорт е да се продолжи изградбата на источниот дел на железничкиот коридор 8 и истиот да се поврзе со Република Бугарија.
„Но, повторно ќе ги потенцираме ставовите на Владата, пругата за да биде функционална, а коридорот 8 да има смисла и да ги исполни потребите за што е наменет мора да има заеднички проект за тунелот со Бугарија и изградбата да се одвива заеднички во континуитет на целото тунелско решенија. Исто така потребно е од бугарска страна да се доизгради пругата што недостасува до граничната точка, како и да се модернизира пругата од Ѓуешево до Софија. Македонија од својата страна ќе изврши ревидирање на цената на чинење.
Подобрувањето на поврзаноста во рамките на Западен Балкан и земјите од ЕУ е клучен фактор за понатамошна интеграција која ќе донесе придобивки за економиите и граѓаните на регионот“, се вели во соопштението.